+389 2 3281 020 info@memo.mk

Примопредавање на функцијата управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО

08.08.2024 | Новости

Денеска во МЕМО ДООЕЛ Скопје беше извршено примопредавање на функцијата управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО, меѓу новоназначениот Зоран Ѓорѓиевски и досегашниот управител Симон Шутиноски.

Шутиноски му посака успешна работа и реализација на претстојните проекти во насока на натамошно осовременување на Операторот на пазарот на електрична енергија, во чиј склоп е и македонската берза на електрична енергија. Управителот на МЕМО, Ѓорѓиевски, му се заблагодари за досегашната соработка и најави дека ќе работи чесно и посветено на развојот на македонскиот пазар на електрична енергија во сите негови сегменти.

Шутиноски ја извршуваше функцијата директор на подружницата – Оператор на пазарот на електрична енергија и член на Управниот одбор на АД МЕПСО од 2017 до 2019 година и управител на МЕМО ДООЕЛ Скопје од формирањето во 2019 година.

Ѓорѓиевски е со долгогодишно професионално искуство во областа и од 2014 година е дел од Операторот на пазарот на електрична енергија, а од формирањето на МЕМО раководеше со одделот за организиран пазар на електрична енергија.

НОВОСТИ

Pin It on Pinterest

Share This