ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, ЈУЛИ 2024

09.08.2024 | Новости

Во јули 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 176 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 25,174.862 KWh.

При тоа, од 90 мали хидроцентрали, произведени се 5,700,190KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 2,030,080 KWh, од две ветерни електрани произведени се 13,878,330 KWh и од пет термоелектроцентрали на биогас и термоелектроцентрали на биомаса произведени се 3, 566,262 KWh.

Учеството на произведената електрична енергија од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 5,90 %.

Вкупно инсталираната моќност од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 177.336 MW.

МЕМО е балансно одговорна страна за повластените производители кои користат повластени тарифи за производство на електрична енергија од обновливи извори. Подетални информации на следниот линк: https://www.memo.mk/?page_id=242828

НОВОСТИ

Податоци за произведена електрична енергија од повластени производители од обновливи извори, февруари 2024

Во февруари 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 174 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 28.000.133 KWh При тоа, од 98 мали хидроцентрали, произведени се 15.205.502 KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.036.098 KWh, од две ветерни електрани произведени […]

Pin It on Pinterest

Share This