ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ЈУЛИ 2024

03.09.2024 | Новости

Во јули 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО од сопствено производство регистриран е влез на електрична енергија, во електро-енергетскиот систем во земјава од 538.582 GWh. 

ЕСМ со 242.034 GWh, учествува со најголем процент од 44,9%, потоа следуваат независните производители со 184.088 GWh односно 34,2%, виртуелни производители со 83,301 GWh односно 15,5%  и повластените производители на електрична енергија со  25.727 GWh односно 4,8%.

Од сопственото производство 69,5 % е продадено за задоволување на бруто конзумот односно 374.452 GWh, а 30,5% односно 164.135 GWh е деклариран извоз.

Бруто конзумот, поточно вкупната потрошувачка на електрична енергија во Република Северна Македонија изнесува 501.260 GWh, каде од сопственото производство е продадено 374.447 GWh односно 74,7 % а од увоз е 126.912 GWh односно 25,3 %.

За задоволување на севкупната потрошувачка на струја во државата, без загуби,  поточно  нето-конзумот продадена е електрична енергија од 447.350 GWh и тоа 53,3 % на тарифни потрошувачи, 39,8% на снабдувани потрошувачи и 6,9 % на директни потрошувачи кои се поврзани на преносната мрежа.

Загубите во електроенергетскиот систем се  53.914 GWh односно 10,8 % од бруто конзумот во земјава. Бруто транзитот на електрична енергија, изнесува 466.471 GWh, каде нето транзитот е 408.771 GWh, а контратрејдингот е 57.700 GWh.

Подетални информации на следниот линк: https://www.memo.mk/?page_id=242753

НОВОСТИ

Податоци за произведена електрична енергија од повластени производители од обновливи извори, февруари 2024

Во февруари 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 174 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 28.000.133 KWh При тоа, од 98 мали хидроцентрали, произведени се 15.205.502 KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.036.098 KWh, од две ветерни електрани произведени […]

Pin It on Pinterest

Share This