Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ЈУЛИ 2024
Во јули 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО од сопствено производство регистриран е влез на електрична енергија, во електро-енергетскиот систем во земјава од 538.582 GWh.
ЕСМ со 242.034 GWh, учествува со најголем процент од 44,9%, потоа следуваат независните производители со 184.088 GWh односно 34,2%, виртуелни производители со 83,301 GWh односно 15,5% и повластените производители на електрична енергија со 25.727 GWh односно 4,8%.
Од сопственото производство 69,5 % е продадено за задоволување на бруто конзумот односно 374.452 GWh, а 30,5% односно 164.135 GWh е деклариран извоз.
Бруто конзумот, поточно вкупната потрошувачка на електрична енергија во Република Северна Македонија изнесува 501.260 GWh, каде од сопственото производство е продадено 374.447 GWh односно 74,7 % а од увоз е 126.912 GWh односно 25,3 %.
За задоволување на севкупната потрошувачка на струја во државата, без загуби, поточно нето-конзумот продадена е електрична енергија од 447.350 GWh и тоа 53,3 % на тарифни потрошувачи, 39,8% на снабдувани потрошувачи и 6,9 % на директни потрошувачи кои се поврзани на преносната мрежа.
Загубите во електроенергетскиот систем се 53.914 GWh односно 10,8 % од бруто конзумот во земјава. Бруто транзитот на електрична енергија, изнесува 466.471 GWh, каде нето транзитот е 408.771 GWh, а контратрејдингот е 57.700 GWh.
Подетални информации на следниот линк: https://www.memo.mk/?page_id=242753
По повод 18 години ОПЕЕ и 5 години МЕМО – Доделени плакети за придонес во развојот на македонскиот пазар на електрична енергија
Во просториите на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија- МЕМО, во кругот на...
35 учесници секојдневно тргуваат на Македонската берза на електрична енергија
35 учесници секојдневно тргуваат на Македонската берза на електрична енергија, што е потврда за...
Гаранциите на потекло во фокус на работна средба со Електромрежа Србија
Работна средба меѓу стручните тимови на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, СЕПТЕМВРИ 2024
Во септември 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Работна средба со раководството на Словенечката енергетска берза – БСП
Денеска, во просториите на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија - МЕМО ДООЕЛ...