No Results Found
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
Денеска, во просториите на МЕМО ДООЕЛ Скопје, се одржа работна средба со претставници на раководството на Хрватската берза за електрична енерија – CROPEX.
Во фокус на разговорите помеѓу управителот на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски и директорот на CROPEX, Анте Микулиќ беше важноста од воведувањето на нови сегменти на тргување на пазарите на електрична енергија, како и функционирањето на единствениот пазар на електрична енергија на Европската Унија.
На состанокот се разменија искуства од воведувањето на системот за аукции на организираниот пазар на гаранции на потекло (GOs market) во Хрватска.
Гаранциите за потекло (GOs) се сертификати што се користат во Европската Унија за следење и потврдување на потеклото на енергијата, фокусирајќи се на обновливите извори на енергија. Овие сертификати се дел од системот дизајниран да промовира транспарентност, еколошка одговорност и доверба на потрошувачите на енергетскиот пазар. За учесниците на македонскиот пазар на електрична енергија, издавањето на гаранции на потекло и воведувањето на систем за аукции на гаранции на потекло, ќе значи уште една придобивка и дополнителна гаранција дека нивната потрошувачка на електрична енергија е покриена со производство од обновливи извори на електрична енергија.
Македонската берза на електрична енергија ќе биде имплементирана и водена од страна на...
МЕМО ДООЕЛ Скопје, во својство на Оператор на организираниот пазар на електрична енергија...
Операторот на електро-преносниот систем на Република Бугарија EAD (ESO), Операторот на...
Согласно поднесеното Барање со арх.бр. 11-8614 од 16.11.2018г од Балансно одговорната страна...
Согласно член 30 став (1) и (2) од Правилата за пазар на електрична енергија, ОПЕЕ АД МЕПСО...