+389 2 3281 020 info@memo.mk

Работна средба со претставници на раководството на Хрватската берза за електрична енерија – CROPEX 

04.09.2024 | Новости

Денеска, во просториите на МЕМО ДООЕЛ Скопје, се одржа работна средба со претставници на раководството на Хрватската берза за електрична енерија – CROPEX. 

Во фокус на разговорите помеѓу управителот на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија –  МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски и директорот на CROPEX, Анте Микулиќ беше важноста од воведувањето на нови сегменти на тргување на пазарите на електрична енергија, како и функционирањето на единствениот пазар на електрична енергија на Европската Унија.

На состанокот се разменија искуства од воведувањето на системот за аукции на организираниот пазар на гаранции на потекло (GOs market) во Хрватска. 

Гаранциите за потекло (GOs) се сертификати што се користат во Европската Унија за следење и потврдување на потеклото на енергијата, фокусирајќи се на обновливите извори на енергија. Овие сертификати се дел од системот дизајниран да промовира транспарентност, еколошка одговорност и доверба на потрошувачите на енергетскиот пазар. За учесниците на македонскиот пазар на електрична енергија, издавањето на гаранции на потекло и воведувањето на систем за аукции на гаранции на потекло, ќе значи уште една придобивка и дополнителна гаранција дека нивната потрошувачка на електрична енергија е покриена со производство од обновливи извори на електрична енергија.

НОВОСТИ

Pin It on Pinterest

Share This