+389 2 3281 020 info@memo.mk

ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, АВГУСТ 2024

10.09.2024 | Новости

Во август 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 177 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 19.900.853 KWh, што претставува зголемување од 17,7% во однос на август 2023 година.

При тоа, од 91 мали хидроцентрали, произведени се 2.946.095 KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.850.288 KWh, од две ветерни електрани произведени се 11.902.168 KWh и од пет термоелектроцентрали на биогас и термоелектроцентрали на биомаса произведени се 3.202.302KWh.

Учеството на произведената електрична енергија од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 4,97 %.

Вкупно инсталираната моќност од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 177.642 MW.

МЕМО е балансно одговорна страна за повластените производители кои користат повластени тарифи за производство на електрична енергија од обновливи извори. Подетални информации на следниот линк: https://www.memo.mk/?page_id=242828

НОВОСТИ

Средба Шутиноски – Лорковски: Бројни придобивки од  македонската берза на електрична енергија и тековните процеси на МЕМО за поврзување со соседните берзи од земјите членки на ЕУ

Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија- МЕМО...

Pin It on Pinterest

Share This