Продуктивна средба со претставници на УСАИД во просториите на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО.
Во фокус на состанокот беа тековните активности на МЕМО во рамките на регионалните проекти поддржани од УСАИД, како што се Energy Bridge и Connect for Growth (C4G).
Успешната реализација на проектите треба да придонесе за реализација на поврзување на македонскиот пазар на електрична енергија во сегментот ден-однапред, со единствениот европски пазар.
МЕМО, следејќи ги современите стандарди, континуирано инвестира во воведување нови сегменти на пазарот на електрична енергија и развој на македонскиот енергетски сектор.