No Results Found
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО стана член-набљудувач на Асоцијацијата на издавачки тела (AIB) со седиште во Брисел. Станува збор за водечка европска асоцијација за енергетска сертификација, посветена на обезбедување транспарентност на европскиот енергетски пазар преку стандардизација на Гаранции за потекло (GOs), кои претставуваат единствен доказ за потеклото на електричната енергија произведена од обновливи извори.
Ова е прв чекор кон полноправно членство во AIB и предуслов да овозможиме воведување на Гаранции за потекло на електричната енергија (GOs) кои ќе бидат признати и тргувани во земјите на Европската Унија и на Енергетската заедница. Целта е да се обезбеди доказ за потрошувачите дека определенa количина од енергијата е произведена од обновливи извори. На тој начин ќе се стимулира понатамошното производството на електрична енергија од обновливи извори во нашата земја.
Овие важни современи процеси во доменот на енергетиката, кои веќе се воспоставени во земјите на Европската Унија, се дел од активностите на МЕМО, реализирани како резултат на интензивната соработка со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и се во согласност со европските регулативи.
Решение за одобрување на Одлука за износот на надоместоците за учество на организираниот пазар на електрична енергија
Одлука за одобрување на Правила за работа на организираниот пазар на електрична енергија
MEMO ДООЕЛ во изминатите четири денови изврши пробно тестирање на пазарот на електрична енергија...
Ни претставува особено задоволство што можеме да споделиме вест за нашата неодамнешна работилница...
Македонската берза на електрична енергија ќе биде имплементирана и водена од страна на...