No Results Found
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО стана член-набљудувач на Асоцијацијата на издавачки тела (AIB) со седиште во Брисел. Станува збор за водечка европска асоцијација за енергетска сертификација, посветена на обезбедување транспарентност на европскиот енергетски пазар преку стандардизација на Гаранции за потекло (GOs), кои претставуваат единствен доказ за потеклото на електричната енергија произведена од обновливи извори.
Ова е прв чекор кон полноправно членство во AIB и предуслов да овозможиме воведување на Гаранции за потекло на електричната енергија (GOs) кои ќе бидат признати и тргувани во земјите на Европската Унија и на Енергетската заедница. Целта е да се обезбеди доказ за потрошувачите дека определенa количина од енергијата е произведена од обновливи извори. На тој начин ќе се стимулира понатамошното производството на електрична енергија од обновливи извори во нашата земја.
Овие важни современи процеси во доменот на енергетиката, кои веќе се воспоставени во земјите на Европската Унија, се дел од активностите на МЕМО, реализирани како резултат на интензивната соработка со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и се во согласност со европските регулативи.
МЕМО ДООЕЛ Скопје, во својство на Оператор на организираниот пазар на електрична енергија...
Операторот на електро-преносниот систем на Република Бугарија EAD (ESO), Операторот на...
Согласно поднесеното Барање со арх.бр. 11-8614 од 16.11.2018г од Балансно одговорната страна...
Согласно член 30 став (1) и (2) од Правилата за пазар на електрична енергија, ОПЕЕ АД МЕПСО...
Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО) стана асоцијативен член на европската...