МЕМО стана член-набљудувач на Асоцијацијата на издавачки тела со седиште во Брисел

12.09.2024 | Новости

Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО стана член-набљудувач на Асоцијацијата на издавачки тела (AIB) со седиште во Брисел. Станува збор за водечка европска асоцијација за енергетска сертификација, посветена на обезбедување транспарентност на европскиот енергетски пазар преку стандардизација на Гаранции за потекло (GOs), кои претставуваат единствен доказ за потеклото на електричната енергија произведена од обновливи извори.

Ова е прв чекор кон полноправно членство во AIB и предуслов да овозможиме воведување на Гаранции за потекло на електричната енергија (GOs) кои ќе бидат признати и тргувани во земјите на Европската Унија и на Енергетската заедница. Целта е да се обезбеди доказ за потрошувачите дека определенa количина од енергијата е произведена од обновливи извори. На тој начин ќе се стимулира понатамошното производството на електрична енергија од обновливи извори во нашата земја.

Овие важни современи процеси во доменот на енергетиката, кои веќе се воспоставени во земјите на Европската Унија, се дел од активностите на МЕМО, реализирани како резултат на интензивната соработка со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и се во согласност со европските регулативи.

НОВОСТИ

Интервју со Шутиноски-Поврзувањето со берзите на соседните земји и членки на ЕУ значи зголемување на пазарните можности за учесниците на македонскиот пазар на електрична енергија и поголема флексибилност во тргувањето

Од 22 компании трговци со електрична енергија до 30 реномирани регистирани учесници на берзата на...

Pin It on Pinterest

Share This