Here you can find the Rules for operation of the organized electricity market, which have been approved by the...
МЕМО во Атина:Со заедничка координација до успешно интегрирање на македонскиот пазар на електрична енергија во единствениот европски пазар
Во организација на Комитетот на сите номинирани оператори на пазарот на електрична енергија во Европа (All NEMO Committee), се одржа втората годишна конференција на која учествуваше делегација на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО. Конференцијата на едно место ги обедини најзначајните чинители на пазарите на електрична енергија од Европската Унија и земјите од Западен Балкан, поточно договорните страни на Енергетската Заедница, која има за цел – проширување на внатрешниот енергетски пазар на ЕУ.
Претседавачот на Комитетот, Рафаел Гомез-Елвира Гонзалес, со поздравно обраќање ја отвори конференцијата, а на засебни панел сесии се дискутираше за прашања од витално значење во оваа област. Акцентот се стави на важноста од транспонирање на европското во локалните законодавство со цел успешна интеграција во единствениот европски пазар.
Управителот на Националниот опертатор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, учествуваше на панел сесијата „20 години интегрирани пазари во Европа: Што следува?“, заедно со Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница, како и со директорите на берзите на електрична енергија од регионот. Панел сесијата ја модерираше извршниот директор на Алпско-јадранско дунавската берза за електрична енергија (АДЕКС) и на Словенечката енергетска берза (БСП), Анже Предовник.
Ѓорѓиевски jа истакна важноста на МЕМО, кој во изминатите години во услови на најголемата светска економско-енергетска криза одигра значајна улога со воспоставување на организираниот пазар на електрична енергија во државата по примерот на европските земји. Ѓорѓиевски се осврна на интензивната работа со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во изминатиот период со цел усогласување на националната законска регулатива согласно европската.
„Процесот на донесување одлуки на национално ниво е од клучно значење за интегрирање на поединечните договорни страни на Енергетската заедница во единствениот европски пазар на електрична енергија. Како што Македонскиот пазар на електрична енергија се движи кон оваа интеграција ние мораме да ја препознаеме потребата од воспоставување рамнотежа помеѓу усогласувањето на регулативата и локалните специфики на пазарот на електрична енергија. За MEMO, како номиниран оператор на пазарот на електрична енергија во нашата земја, успешната интеграција зависи од неколку клучни фактори, од кои еден од позначајните е јасно дефинирана сигурност во процесот на интеграцијата. Во таа насока, неопходно е поскоро формално усвојување на Планот за имплентација на спојување на пазарот (MЦO) кој треба да го одобри Агенцијата на ЕУ за соработка на регулаторите за енергетика (АЦЕР), со цел навреме да се реализира и домашното законско усогласување и усвојувањето на европските регулативи. Тие два процеси еден со друг се комплеметарни и доцнењето на секој од нив, би предизвикал нов циклус на одложувања“, истакна Ѓорѓиевски.
Во понатамошниот тек на панел сесијата Ѓорѓиевски дискутирајќи за двата пазарни сегменти пазарот ден-однапред и интрадневниот пазар, подвлече дека поголемата сигурност во процесот на интеграција, ќе значи и интензивирање и развој на интрадневните пазари во земјите од енергетската заедница.
Од овој клучен настан во енергетскиот сектор на кој присуствуваа над 100 учесници, лидери на индустријата, експерти и креатори на политики се очекува да се донесат квалитетни заклучоци за иднината на европските енергетски пазари.
Усвојувањето на Пакетот за интеграција на електрична енергија од страна на Министерскиот совет на Енергетската заедница во 2022 година означи важен чекор на патот кон понатамошна интеграција на договорните страни на Енергетската заедница во внатрешниот пазар на електрична енергија на ЕУ.
Информации за МЕМО:
МЕМО е Оператор на пазарот на електрична енергија кој во своето работење интегрира повеќе функции поврзани со управувањето на пазарот со билатерални договори, интегрирањето на обновливите извори на пазарот на електрична енергија, а од 2023 година и Македонската берза на електрична енергија.
Основањето на Македонската берза за електрична енергија претставува значаен чекор кон модернизирање на енергетскиот сектор. Во aприл 2023 година, МЕМО го започна процесот на регистрација на учесници на пазарот ден однапред, а првата аукција за тргување со електрична енергија на пазарот ден однапред се одржа на 10 мај 2023 година. Аукциите на пазарот ден однапред се случуваат на дневна основа и резултатите се објавуваат секој ден во 10:45 преку самата платформа и на веб страната на МЕМО. Во досегашното тргување се разменети повеќе од 1.000.000 MWh и притоа просечната дневна размена на електрична енергија изнесува повеќе од 2000 MWh на ден. Максимална просечна цена е забележана во месец jули 2024 и изнесува 8.413,96 денари, додека минималната просечна цена е забележана во месец aприл 2024 година и изнесува 3.634,36 денари.
Владата донесе Уредба за гаранции за потекло на енергија од обновливи извори кои ќе ги издава МЕМО
На предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Владата донесе Уредба...
Податоци за истргувана електрична енергија на македонската берза – септември 2024
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, септември 2024
Во септември 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, АВГУСТ 2024
Во август 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Работна средба на раководствата на МЕМО и ЕВН
Работна средба на раководствата на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО и...