Работна средба на раководствата на МЕМО и ЕВН

25.09.2024 | Новости

Работна средба на раководствата на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО и ЕВН Македонија.

Управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, на средбата со Волфганг Маиер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија и со Игор Гиевски, член на УО на ЕВН Македонија, разговараа за можностите за продлабочување на соработката на двете институции како и за актуелните состојби во секторот енергетика.

На состанокот се дискутираше и за важноста од интеграција на обновливи извори на пазарот на електрична енергија како и за реализација на проекти за декарбонизација со цел градење на доверлив електроенергетски сектор, подготвен за претстојните предизвици кои доаѓаат со зелената транзиција.

Раководството на МЕМО искажува благодарност за довербата на ЕВН кон МЕМО, како и за активното учество на Македонската берза на електрична енергија.

НОВОСТИ

Податоци за произведена електрична енергија од повластени производители од обновливи извори, февруари 2024

Во февруари 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 174 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 28.000.133 KWh При тоа, од 98 мали хидроцентрали, произведени се 15.205.502 KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.036.098 KWh, од две ветерни електрани произведени […]

Pin It on Pinterest

Share This