+389 2 3281 020 info@memo.mk

ОДЛУКА за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија – ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица

30.09.2024 | Известувања

Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 236/22), член 28 став 6 од Правилата за пазар на електрична енергија и Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје – Пречистен текст- со арх. бр. 0202-7821/3 од 06.08.2024 година, на ден 30.09.2024 година се донесе:

ОДЛУКА
за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија

  1. Времено се суспендира учесникот на пазар на електрична енергија ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица, со ЕДБ: 4027010511550 од пазарот на електрична енергија, согласно член 28 став (6) од Правилата за пазар на електрична енергија, односно истек на лиценца за вршење енергетска дејност снабдување со електрична енергија заклучно со 01.10.2024 година.
  2. Времетраењето на суспензијата започнува од 01.10.2024 година и трае заклучно со 31.12.2024 година.
  3. По искучок од став 2 од оваа Одлука рокот на времетраењето на суспензија може да биде пократок доколку учесникот на пазарот ги отстрани причините за отпочнувањето на постапката за суспензија.
  4. Оваа ОДЛУКА стапува во сила на денот на донесувањето.
  5. Жалбата изјавена против Одлуката не го одлага нејзиното извршување.

О б р а з л о ж е н и е:

Учесникот на пазар на електрична енергија ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица – со лиценца за вршење енергетска дејност снабдување со електрична енергија, со евидентен број на лиценца ЕЕ-СНАБ-200-2014, склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со МЕМО ДООЕЛ Скопје бр.10-630/1 од 10.02.2020 година.

На ден 06.8.2024 година МЕМО ДООЕЛ Скопје по e-mail комуникација го потсети учесникот за истек на важноста на лиценца за вршење енергетска дејност снабдување со електрична енергија на ден 01.10.2024 година, со евидентен број на лиценца ЕЕ-СНАБ-200-2014.
На ден 23.09.2024 година ОПЕЕ испрати и предупредување пред ОПОМЕНА за СУСПЕНЗИЈА на учесникот доколку не се достави обновена лиценца најдоцна до 25.09.2024 година.
Заклучно со зададениот рок до 25.09.2024 година учесникот ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица не достави обновена лиценца за вршење енергетска дејност снабдување со електрична енергија.
На ден 26.09.2024 година ОПЕЕ донесе Опомена пред суспензија со арх.бр. 0906-10271/1 за учесникот на пазар на електрична енергија ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица со рок до 30.09.2024 година да достави обновена лиценца за вршење енергетска дејност снабдување со електрична енергија.

До 30.09.2024 година ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица не достави достави обновена лиценца за вршење енергетска дејност снабдување со електрична енергија.

ОПЕЕ одлучи како во диспозитивот на ова ОДЛУКА за времена суспензија и на истата ќе и запре важноста на денот на достава од страна на учесникот на обновена и важечка лиценца за вршење енергетска дејност снабдување со електрична енергија.

ПРАВНА ПОУКА: Учесникот во рок од 15 дена од денот на приемот на Одлуката, може да достави приговор до РКЕ.

ИЗВЕСТУВАЊА

ОДЛУКА за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП на ден 30.06.2024 година во 24:00 часот за БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје – снабдувач со електрична енергија

Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република...

ОДЛУКА за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП на ден 30.06.2024 година во 24:00 часот за ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци

Врз основа на член 92 став 1 алинеја 2 од Закон за енергетика („Службен весник на Република...

ОДЛУКА ЗА СУСПЕНЗИЈА НА УЧЕСНИК НА ПАЗАРОТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА – БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО СКОПЈЕ – снабдувач со електрична енергија (на ден 29.12.2023г) за период од 01.01.2024-30.06.2024 година

Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...

Pin It on Pinterest

Share This