Врз основа на член 12 став 1 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и член 23...
ОДЛУКА за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија – ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 236/22), член 28 став 6 од Правилата за пазар на електрична енергија и Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје – Пречистен текст- со арх. бр. 0202-7821/3 од 06.08.2024 година, на ден 30.09.2024 година се донесе:
ОДЛУКА
за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија
- Времено се суспендира учесникот на пазар на електрична енергија ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица, со ЕДБ: 4027010511550 од пазарот на електрична енергија, согласно член 28 став (6) од Правилата за пазар на електрична енергија, односно истек на лиценца за вршење енергетска дејност снабдување со електрична енергија заклучно со 01.10.2024 година.
- Времетраењето на суспензијата започнува од 01.10.2024 година и трае заклучно со 31.12.2024 година.
- По искучок од став 2 од оваа Одлука рокот на времетраењето на суспензија може да биде пократок доколку учесникот на пазарот ги отстрани причините за отпочнувањето на постапката за суспензија.
- Оваа ОДЛУКА стапува во сила на денот на донесувањето.
- Жалбата изјавена против Одлуката не го одлага нејзиното извршување.
О б р а з л о ж е н и е:
Учесникот на пазар на електрична енергија ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица – со лиценца за вршење енергетска дејност снабдување со електрична енергија, со евидентен број на лиценца ЕЕ-СНАБ-200-2014, склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со МЕМО ДООЕЛ Скопје бр.10-630/1 од 10.02.2020 година.
На ден 06.8.2024 година МЕМО ДООЕЛ Скопје по e-mail комуникација го потсети учесникот за истек на важноста на лиценца за вршење енергетска дејност снабдување со електрична енергија на ден 01.10.2024 година, со евидентен број на лиценца ЕЕ-СНАБ-200-2014.
На ден 23.09.2024 година ОПЕЕ испрати и предупредување пред ОПОМЕНА за СУСПЕНЗИЈА на учесникот доколку не се достави обновена лиценца најдоцна до 25.09.2024 година.
Заклучно со зададениот рок до 25.09.2024 година учесникот ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица не достави обновена лиценца за вршење енергетска дејност снабдување со електрична енергија.
На ден 26.09.2024 година ОПЕЕ донесе Опомена пред суспензија со арх.бр. 0906-10271/1 за учесникот на пазар на електрична енергија ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица со рок до 30.09.2024 година да достави обновена лиценца за вршење енергетска дејност снабдување со електрична енергија.
До 30.09.2024 година ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица не достави достави обновена лиценца за вршење енергетска дејност снабдување со електрична енергија.
ОПЕЕ одлучи како во диспозитивот на ова ОДЛУКА за времена суспензија и на истата ќе и запре важноста на денот на достава од страна на учесникот на обновена и важечка лиценца за вршење енергетска дејност снабдување со електрична енергија.
ПРАВНА ПОУКА: Учесникот во рок од 15 дена од денот на приемот на Одлуката, може да достави приговор до РКЕ.
Одлука за раскинување на Договорот за учество на пазарот на EE и бришење на учесник на пазарот од РУП – ЦММ ЕНЕРЃИ КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје за „МХЕЦ Пена со реф. бр. 407“
Врз основа на член 12 став 1 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на...
ОДЛУКА за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија – ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица
Согласно член 22 став 1 од Правилата за пазар на електрична енергија и потпишаниот Договор со МЕМО...
ОДЛУКА за раскинување на Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на ее и бришење на учесник на пазарот од РУП – САТЕЛИТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Куманово МХЕЦ ОСТРИЛСКА со реф.бр. 253
Врз основа на член 12 став 1 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на...
Финансиска гаранција согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија (пресметка за 2022 година)
Согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на...