Во август 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО од сопствено производство регистриран е влез на електрична енергија, во електро-енергетскиот систем во земјава од 540.758 GWh, што претставува зголемување за 10% во споредба со август минатата година.
ЕСМ со 233.766 GWh, учествува со најголем процент од 43,2%, потоа следуваат независните производители со 196.194 GWh односно 36,3%, виртуелни производители со 86,284 GWh односно 16% и повластените производители на електрична енергија со 21.355 GWh односно 3,9%.
Од сопственото производство 67,1 % е продадено за задоволување на бруто конзумот односно 362.984 GWh, а 32,9% односно 177.822 GWh е деклариран извоз.
Бруто конзумот, поточно вкупната потрошувачка на електрична енергија во Република Северна Македонија изнесува 488.799 GWh, каде од сопственото производство е продадено 362.936 GWh односно 74,3 % а од увоз е 125.863 GWh односно 25,7 %.
За задоволување на севкупната потрошувачка на струја во државата, без загуби, поточно нето-конзумот продадена е електрична енергија од 439.142 GWh и тоа 57,1 % на тарифни потрошувачи, 35,9% на снабдувани потрошувачи и 7% на директни потрошувачи кои се поврзани на преносната мрежа.
Загубите во електроенергетскиот систем се 49.670 GWh односно 10,2 % од бруто конзумот во земјава. Бруто транзитот на електрична енергија, изнесува 448.581 GWh, каде нето транзитот е 421.582 GWh, а контратрејдингот е 26.999 GWh.
Подетални информации на следниот линк: https://www.memo.mk/?page_id=242753