Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр....
ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, септември 2024
Во септември 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 177 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 19.911.264 KWh, што претставува зголемување од 65,7% во однос на септември 2023 година.
При тоа, од 91 мали хидроцентрали, произведени се 5.357.735 KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.407.824 KWh, од две ветерни електрани произведени се 9.762.368 KWh и од пет термоелектроцентрали на биогас и термоелектроцентрали на биомаса произведени се 3.383.337 KWh.
Учеството на произведената електрична енергија од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 5,93 %.
Вкупно инсталираната моќност од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 177.642 MW.
МЕМО е балансно одговорна страна за повластените производители кои користат повластени тарифи за производство на електрична енергија од обновливи извори. Подетални информации на следниот линк: https://www.memo.mk/?page_id=242828
МЕМО стана член-набљудувач на Асоцијацијата на издавачки тела со седиште во Брисел
Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО стана член-набљудувач на...
Претставници на УСАИД на работна средба во МЕМО
Продуктивна средба со претставници на УСАИД во просториите на Националниот оператор на пазарот на...
ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, АВГУСТ 2024
Во август 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Податоци за истргувана електрична енергија на македонската берза – август 2024
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
Работна средба со претставници на раководството на Хрватската берза за електрична енерија – CROPEX
Денеска, во просториите на МЕМО ДООЕЛ Скопје, се одржа работна средба со претставници на...