No Results Found
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
Денеска, во просториите на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, се одржа работна средба со претставници на раководството на Словенечката енергетска берза – БСП.
Интензивирање на соработката и важноста од транспонирање на европското во локалното законодавство со цел успешна интеграција во единствениот европски пазар беа во фокус на разговорите помеѓу управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски и Анже Предовник, извршен директор на БСП и на Алпско-јадранско дунавската берза за електрична енергија -АДЕКС.
Дополнително, акцентот беше ставен на безрезервната поддршка од страна на БСП за реализација на проектот во кој е вклучен МЕМО за пазарно спојување со соседните берзи. Станува збор за проектот за маркет каплинг на пазарите на Југоисточна Европа во рамки на Италијанската работна група за поврзување на пазарите преку граници (IBWT).
MEMO со поддршката на партнерите од EПEКС – една од најголемите берзи за електрична енергија во Европа и БСП, како и со поддршка од Владата, Секретаријатот на Енергетската заедница, УСАИД и сите чинители во енергетскиот сектор во земјава, прерасна во модерна компанија која ја обезбедува најдобрата европска практика во трговијата со електрична енергија.
MEMO ДООЕЛ во изминатите четири денови изврши пробно тестирање на пазарот на електрична енергија...
Ни претставува особено задоволство што можеме да споделиме вест за нашата неодамнешна работилница...
Македонската берза на електрична енергија ќе биде имплементирана и водена од страна на...
МЕМО ДООЕЛ Скопје, во својство на Оператор на организираниот пазар на електрична енергија...
Операторот на електро-преносниот систем на Република Бугарија EAD (ESO), Операторот на...