Работна средба со раководството на Словенечката енергетска берза – БСП

14.10.2024 | Новости

Денеска, во просториите на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, се одржа работна средба со претставници на раководството на Словенечката енергетска берза – БСП.

Интензивирање на соработката и важноста од транспонирање на европското во локалното законодавство со цел успешна интеграција во единствениот европски пазар беа во фокус на разговорите помеѓу управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски и Анже Предовник, извршен директор на БСП и на Алпско-јадранско дунавската берза за електрична енергија -АДЕКС.

Дополнително, акцентот беше ставен на безрезервната поддршка од страна на БСП за реализација на проектот во кој е вклучен МЕМО за пазарно спојување со соседните берзи. Станува збор за проектот за маркет каплинг на пазарите на Југоисточна Европа во рамки на Италијанската работна група за поврзување на пазарите преку граници (IBWT).

MEMO со поддршката на партнерите од EПEКС – една од најголемите берзи за електрична енергија во Европа и БСП, како и со поддршка од Владата, Секретаријатот на Енергетската заедница, УСАИД и сите чинители во енергетскиот сектор во земјава, прерасна во модерна компанија која ја обезбедува најдобрата европска практика во трговијата со електрична енергија.

НОВОСТИ

Податоци за произведена електрична енергија од повластени производители од обновливи извори, февруари 2024

Во февруари 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 174 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 28.000.133 KWh При тоа, од 98 мали хидроцентрали, произведени се 15.205.502 KWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.036.098 KWh, од две ветерни електрани произведени […]

Pin It on Pinterest

Share This