+389 2 3281 020 info@memo.mk

ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, СЕПТЕМВРИ 2024

15.10.2024 | Новости

Во септември 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, на пазарот на електрична енергија реализирани се трансакции од сопствено производство во висина од 440 GWh, што е еднакво на трансакциите за вкупната потрошувачка на електрична енергија во нашата држава. Тука не се вклучени количините на електрична енергија активирани на пазарот на балансна енергија кој е управуван од АД МЕПСО.

Независните производители со 181 GWh учествуваат со најголем процент од 42%, потоа следува ЕСМ со 166 GWh, поточно со 37%, потоа виртуелни производители со 69 GWh односно 16%  и повластените производители кои користат повластена тарифа на електрична енергија со 24GWh односно 5%.

Од сопственото производство 66 % е продадено за задоволување на бруто конзумот односно 288 GWh, а 34% односно 151 GWh е деклариран извоз.

Бруто конзумот, поточно вкупната потрошувачка на електрична енергија во Република Северна Македонија изнесува 440 GWh, каде од сопственото производство е продадено 289 GWh односно 65% а од увоз е 152 GWh односно 34%.

Од наведеното произлегува дека трансакциите на пазарот на електрична енергија од сопствено производство во целост ги задоволувале трансакциите на вкупната потрошувачка во нашата држава.

За задоволување на севкупната потрошувачка на електрична енергија во државата, без загуби, поточно  нето-конзумот продадена е електрична енергија од 399 GWh и тоа 53 % на тарифни потрошувачи, 38% на снабдувани потрошувачи и 9% на директни потрошувачи.

Загубите во електроенергетскиот систем се 42 GWh односно 9% од бруто конзумот во земјава. Бруто транзитот на електрична енергија, изнесува 290 GWh, каде нето транзитот е 254 GWh, а контратрејдингот е 36 GWh.

Подетални информации на следниот линк: https://www.memo.mk/?page_id=242753

НОВОСТИ

Pin It on Pinterest

Share This