No Results Found
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
Во септември 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, на пазарот на електрична енергија реализирани се трансакции од сопствено производство во висина од 440 GWh, што е еднакво на трансакциите за вкупната потрошувачка на електрична енергија во нашата држава. Тука не се вклучени количините на електрична енергија активирани на пазарот на балансна енергија кој е управуван од АД МЕПСО.
Независните производители со 181 GWh учествуваат со најголем процент од 42%, потоа следува ЕСМ со 166 GWh, поточно со 37%, потоа виртуелни производители со 69 GWh односно 16% и повластените производители кои користат повластена тарифа на електрична енергија со 24GWh односно 5%.
Од сопственото производство 66 % е продадено за задоволување на бруто конзумот односно 288 GWh, а 34% односно 151 GWh е деклариран извоз.
Бруто конзумот, поточно вкупната потрошувачка на електрична енергија во Република Северна Македонија изнесува 440 GWh, каде од сопственото производство е продадено 289 GWh односно 65% а од увоз е 152 GWh односно 34%.
Од наведеното произлегува дека трансакциите на пазарот на електрична енергија од сопствено производство во целост ги задоволувале трансакциите на вкупната потрошувачка во нашата држава.
За задоволување на севкупната потрошувачка на електрична енергија во државата, без загуби, поточно нето-конзумот продадена е електрична енергија од 399 GWh и тоа 53 % на тарифни потрошувачи, 38% на снабдувани потрошувачи и 9% на директни потрошувачи.
Загубите во електроенергетскиот систем се 42 GWh односно 9% од бруто конзумот во земјава. Бруто транзитот на електрична енергија, изнесува 290 GWh, каде нето транзитот е 254 GWh, а контратрејдингот е 36 GWh.
Подетални информации на следниот линк: https://www.memo.mk/?page_id=242753
Во април 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
Симон Шутиноски, управител на МЕМО во изјава за Блумбер Адрија зборува за клучните аспекти кои...
Од 22 компании трговци со електрична енергија до 30 реномирани регистирани учесници на берзата на...
Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО,...
Спојувањето на Македонската берза за електрична енергија со берзата во Бугарија и проектот што...