+389 2 3281 020 info@memo.mk

Гаранциите на потекло во фокус на работна средба со Електромрежа Србија

25.10.2024 | Новости

Работна средба меѓу стручните тимови на Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО) и АД Електромрежа Србија. Во фокус на разговорот беше важноста од воведување Гаранции на потекло (GOs), кои претставуваат електронски документ-доказ за потрошувачите дека одреден удел или количина од енергијата е произведена од обновливи извори на енергија.

На состанокот беше споделено искуството на АД Електромрежа Србија, која веќе неколку години ги издава Гаранциите за потекло. Во нашата земја, Гаранциите за потекло ќе ги издава МЕМО, согласно европската практика. Овие гаранции се особено важни за домашните компании кои извезуваат на европскиот пазар.

За таа цел, МЕМО стана член-набљудувач на Асоцијацијата на издавачки тела (Association of Issuing Bodies – AIB), која е водечка европска асоцијација за енергетска сертификација, посветена на обезбедување транспарентност преку стандардизација на Гаранциите за потекло.

НОВОСТИ

Pin It on Pinterest

Share This