35 учесници секојдневно тргуваат на Македонската берза на електрична енергија

29.10.2024 | Новости

35 учесници секојдневно тргуваат на Македонската берза на електрична енергија, што е потврда за воспоставената сигурност и релевантните цени за секој час од денот. МЕМО значајно придонесе во модернизацијата на македонскиот енергетски сектор, овозможувајќи примена на најдобрите европски практики во трговијата со електрична енергија.

Согласно најновите трендови посветени сме на успешното интегрирање на македонскиот пазар на електрична енергија во единствениот европски пазар.

Во таа насока, работиме на пазарно спојување познато како маркет каплинг (market coupling) со берзите на соседните земји и членки на Европската унија, за поефикасна распределба на преносните капацитети и подобрување на конкурентноста на пазарите на електрична енергија. Ова директно води до пониски цени, бидејќи електричната енергијата се пренасочува кон регионите каде што таа е најпотребна, овозможувајќи оптимално користење на ресурсите. МЕМО силно се залага за зајакнување на интеграцијата преку актуелните механизми на маркет каплинг, зголемување на преносните капацитети и подобрување на регулаторната рамка за да се овозможи натамошно фер и транспарентно работење на сите учесници на пазарот на електрична енергија.

Со поддршка од клучните чинители во секторот енергетика, компаниите, институциите во нашата земја како и меѓународните партнери, веруваме во реализација на зацртаната цел, а тоа е маркет каплинг кој води до подобрување на синергијата меѓу веќе постоечките берзи и инфраструктури во регионот.

Голема благодарност до сите реномирани учесници на Македонската берза на електрична енергија, домашни, регионални и европски трговски компании кои придонесуваат за сигурноста и конкурентноста на нашиот енергетски пазар.

https://dam.memo.mk/?page_id=252399&lang=mk

НОВОСТИ

Pin It on Pinterest

Share This