No Results Found
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.
Во просориите на МЕМО, се одржа состанок на членовите на Одборот за организираниот пазар на електрична енергија со кој претседава Xристина Давидовска од Енерџи Фајненсинг- ТИМ ДООЕЛ Скопје. Одборот е составен од девет членови и тоа Атанас Настев од ГЕН-И, Виктор Делов од Данске Комодитис ДООЕЛ Скопје, Никола Ушинов – ЕВН Македонија, Антонио Ивановски – АД ЕСМ Скопје, Наташа Дограмаџиева – Манева – Енерџи Актив ДООЕЛ Скопје, Љупчо Најдов – Рењувабал Енерџи Суплај РЕС ДОО Скопје, Драган Наумовски- ТЕ-ТО АД Скопје, Иоанис Панагиотопоулис и Владимир Шошолчев – Дуферко МК ДОО Скопје, кои воедно се и учесници на Македонската берза на електрична енергија.
На состанокот на кој присуствуваше и управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски заедно со раководителот на одделот на организираниот пазар на електрична енергија, Митко Огненоски и стручниот тим се дискутираше за актуелните теми поврзани со активностите на берзата на електрична енергија, согласно прецизни планови за следните неколку години. Она што следува е важноста од воведување на еврото како валута, со која ќе се тргува на Македонската берза на електрична енергија, процес кој треба да стартува во првиот квартал на 2025 година. Ова е еден од клучните аспекти за успешно интегрирање на македонскиот пазар на електрична енергија во единствениот европски пазар. На тој начин се отвора патот за пазарно спојување познато како маркет каплинг (market coupling) со берзите на соседните земји и членки на Европската унија, што е исто така приоритет на кој посветено се работи за следните две години, заедно со можноста за вовоедување на интрадневен пазар на електрична енергија.
Во рамките на своето функционирање Одборот има улога во унапредување на работата на пазарот ден однапред, воведување нови производи, модернизирање и следење на светските трендови во овој домен.
Во моментот 35 учесници секојдневно тргуваат на Македонската берза на електрична енергија, што е потврда за воспоставената сигурност и релевантните цени за секој час од денот.
На Македонскиот енергетски форум - МЕФ 2024 Симон Шутиноски, управител на МЕМО ја модерираше панел...
Во мај 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија –...
Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија - МЕМО...
Во април 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
Во април 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...