МЕМО дел од конференција МАРЕС 2024 организирана од Македонско здружение за енергија од обновливи извори

06.11.2024 | Новости

Во организација на Македонско здружение за енергија од обновливи извори – МАРЕС, се одржа втората годишна конференција со фокус на важноста на обновливите извори на енергија.

Оваа година на конференцијата на тема „Обновливите извори на енергија како најголем дел од енергетскиот мозаик“ на четири заесебни панел сесии дискутираа претставници од државни и интернационални институции, банкарски сектор, како и претставници од приватниот сектор и експерти во областа. 

Управителот на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски на панел сесијата посветена и на берзите на електрична енергија се осврна на важноста од пазарно спојување познато како маркет каплинг (market coupling), како и на активностите на МЕМО поврзани со македонската берза на електрична енергија, согласно прецизни планови за следните неколку години. 

Ѓорѓиевски се осврна на воведувањето на Гаранции за потекло GOs кои ќе ги издава МЕМО како единствен доказ за потеклото на електричната енергија произведена од обновливи извори важни за домашните компании кои извезуваат на европските пазари. 

Понатаму тој зборуваше за важноста од интеграција на обновливи извори на пазарот на електрична енергија  и реализација на проекти за декарбонизација со цел градење на доверлив електроенергетски сектор и спроведување на зелената транзиција.

Ѓорѓиевски се осврна и на зголемување на преносните капацитети и подобрување на регулаторната рамка за да се овозможи натамошно фер и транспарентно работење на сите учесници на пазарот на електрична енергија.

На конференцијата на панел сесиите на различни аспекти на транзиција на енергија, од стратешко планирање до практично спроведување и финансирање зборуваа претставници на владини институции,на ЕСМ, МЕПСО, ЕБОР, Делегацијата на ЕУ, кои заедно со многу други еминентни организации и компании во секторот за обновливи извори на енергија дадоа свои видувања согласно најновите глобални трендови.

Претставниците од областа со својата експертиза се посветени на поттикнување значајни промени во секторот за обновливи извори на енергија како одраз на зголемената важност на обновливата енергија во глобалната транзиција на електричната енергијата.

НОВОСТИ

Интервју со Шутиноски-Поврзувањето со берзите на соседните земји и членки на ЕУ значи зголемување на пазарните можности за учесниците на македонскиот пазар на електрична енергија и поголема флексибилност во тргувањето

Од 22 компании трговци со електрична енергија до 30 реномирани регистирани учесници на берзата на...

Pin It on Pinterest

Share This