Во октомври 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 177 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 23.307 MWh, што претставува зголемување од 66% во однос на октомври 2023 година.
При тоа, од 91 мали хидроцентрали, произведени се 5.602 MWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 1.425MWh, од две ветерни електрани произведени се 12.767 MWh и од пет термоелектроцентрали на биогас и термоелектроцентрали на биомаса произведени се 3.513 MWh.
Учеството на произведената електрична енергија од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 6,28%.
Вкупно инсталираната моќност од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 177.642 MW.
МЕМО е балансно одговорна страна за повластените производители кои користат повластени тарифи за производство на електрична енергија од обновливи извори. Подетални информации на следниот линк: https://www.memo.mk/?page_id=242828