Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ОКТОМВРИ 2024
Во октомври 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, за задоволување на вкупната потрошувачка во Република Северна Македонија, реализирани се трансакции на учесниците на пазарот на електрична енергија односно бруто-конзум, во висина од 492 GWh.
За задоволување на севкупната потрошувачка на електрична енергија во државата, без загубите, поточно нето-конзумот, продадена е електрична енергија од 421 GWh и тоа 55 % на тарифни потрошувачи снабдувани преку универзалниот снабдувач, 37% на снабдувани потрошувачи и 8% на потрошувачи регистрирани на пазарот на електрична енергија на големо.
На пазарот на електрична енергија реализирани се трансакции од сопствено производство во висина од 391 GWh, од кои ЕСМ со 204 GWh, поточно со 52%, учествуваат со најголем процент, потоа следат независните производители со 92 GWh или 24%, виртуелни производители со 69 GWh односно 17% и повластените производители кои користат повластена тарифа на електрична енергија со 26 GWh односно 7%.
Од сопственото производство 82% е продадено за задоволување на бруто конзумот односно 320 GWh, а 18% односно 70 GWh се деклариран извоз.
Бруто транзитот на електрична енергија, изнесува 408 GWh, каде нето транзитот е 372 GWh, а контратрејдингот е 36 GWh.
Подетални информации на следниот линк: https://www.memo.mk/?page_id=242753
35 учесници секојдневно тргуваат на Македонската берза на електрична енергија
35 учесници секојдневно тргуваат на Македонската берза на електрична енергија, што е потврда за...
Гаранциите на потекло во фокус на работна средба со Електромрежа Србија
Работна средба меѓу стручните тимови на Националниот оператор на пазар на електрична енергија...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, СЕПТЕМВРИ 2024
Во септември 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Работна средба со раководството на Словенечката енергетска берза – БСП
Денеска, во просториите на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија - МЕМО ДООЕЛ...
Владата донесе Уредба за гаранции за потекло на енергија од обновливи извори кои ќе ги издава МЕМО
На предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Владата донесе Уредба...