Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр....
Р Е Ш Е Н И Е за опомена пред суспензија за нерегулирана балансна одговорност – ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС ( 22.11.2024 година)
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 236/22), член 28 став 1 точка 3) и член 20 став (4) точка 7) од Правилата за пазар на електрична енергија, член 12 став 3 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија и Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје со бр.0202-7821/3 од 06.08.2024 година, на ден 22.11.2024 година се донесе:
Р Е Ш Е Н И Е
за опомена пред суспензија за нерегулирана балансна одговорност
- Со ова РЕШЕНИЕ се изрекува ОПОМЕНА пред суспензија, согласно член 28 став 1 точка 3) и член 20 став (4) точка 7) од Правилата за пазар на електрична енергија, на учесникот на пазар на електрична енергија ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС со лиценца снабдувач со електрична енергија и склучен Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со МЕМО ДООЕЛ Скопје со арх. бр. 10-668/1 од 12.02.2020 година.
- Согласно член 28 став 4 од Правилата за пазар на електрична енергија, рокот за отстранување на причините за Опомената, е заклучно со 28.11.2024 година.
- Доколку не се испочитува рокот и барањата од ова Опомена, Националениот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје согласно член 28 став (6) од Правилата за пазар на електрична енергија на 29.11.2024 ќе донесе Одлука за суспензија која ќе стапи во сила на 30.11.2024 година во 24:00 часот.
- Оваа Решение стапува во сила на денот на донесувањето.
О б р а з л о ж е н и е:
Компанијата ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС со лиценца снабдувач со електрична енергија склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со МЕМО ДООЕЛ Скопје со арх. бр. 10-668/1 од 12.02.2024 година, Анекс 1 кон Договорот со арх.бр. 09-668/4 од 03.07.2020година, и EIC: 33XFA2017FUTUREC.
На ден 22.11.2024 година од АД МЕПСО Скопје по електронска пошта до МЕМО ДООЕЛ Скопје – ОПЕЕ е испратено Известување со арх бр во АД МЕПСО 09-7490 од 22.11.2024 година и во МЕМО со арх бр. 0908-12946/1 од 22.11.2024 година, истовремено до ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС со арх бр во АД МЕПСО 09-7148/4 од 22.11.2024 година и во МЕМО со арх бр. 0908-12945/1 од 22.11.2024 година, каде според истите Договорот за балансна одговорност потпишан помеѓу АД МЕПСО Скопје и ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС со архивски број 02-7806/2 од 23.12.2019 година и Анекс 1 со арх.бр 09-1170 од 24.12.2022 година се смета за раскинат на 30.11.2024 година во 24:00 часот.
ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС без регулирана балансна одговорност го губи правото за учество на Пазарот на електрична енергија согласно член 20 став (4) точка 7) од Правилата за пазар на електрична енергија.
Согласно член 28 став 4 од Правилата за пазар на електрична енергија во рокот зададен за отстранување на причините на Опомената (28.11.2024 година), потребно е учесникот на пазар на електрична енергија ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС да ја регулира балансна одговорност во спротивно на ден 29.11.2024 година, а согласно член 28 став (6) од Правилата за пазар на електрична енергија, ОПЕЕ ќе донесе Одлука за суспензија на ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС.
Решение за упис на Виртуелен производител – ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Решение за упис на Виртуелен производител – ЕДС АД Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
Решение за упис на Виртуелен производител – РЕС ДОО Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...
ОДЛУКА за СУСПЕНЗИЈА на учесник на пазарот на електрична енергија – У ПОВЕР ДОО ЕКСПОРТ-ИМПОРТ СКОПЈЕ
Согласно член 22 став 1 алинеа 4 од Правилата за пазар на електрична енергија и потпишаниот...
Финансиска гаранција согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија
Согласно член 17 став 1 од Договорот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот...