Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република...
Р Е Ш Е Н И Е за запирање на постапката за суспензија за нерегулирана балансна одговорност за ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС ( 27.11.2024 година)
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 236/22), член 28 став (5) од Правилата за пазар на електрична енергија и Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје со бр.0202-7821/3 од 06.08.2024 година, на ден 27.11.2024 година се донесе:
Р Е Ш Е Н И Е
за запирање на постапката за суспензија за нерегулирана балансна одговорност
- Со ова РЕШЕНИЕ се запира постапката за суспензија, согласно член 28 став (5) и член 20 став (4) точка 7) од Правилата за пазар на електрична енергија, на учесникот на пазар на електрична енергија ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС со лиценца снабдувач со електрична енергија и склучен Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со МЕМО ДООЕЛ Скопје со арх. бр. 10-668/1 од 12.02.2020 година.
- Согласно член 28 став (4) и (5) од Правилата за пазар на електрична енергија, учесникот го испочитува рокот и ја отстрани причината за Опомената за суспензија заклучно со 28.11.2024 година да ја регулира балансната одговорност со почеток од 01.12.2024 година.
- Оваа Решение стапува во сила на денот на донесувањето.
О б р а з л о ж е н и е:
Компанијата ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС со лиценца снабдувач со електрична енергија склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со МЕМО ДООЕЛ Скопје со арх. бр. 10-668/1 од од 12.02.2020 година, Анекс 1 кон Договорот со арх.бр. 09-668/4 од 03.07.2020 година, и EIC: 33XFA2017FUTUREC.
На ден 22.11.2024 година од АД МЕПСО Скопје по електронска пошта до МЕМО ДООЕЛ Скопје – ОПЕЕ е испратено Известување со арх бр во АД МЕПСО 09-7490 од 22.11.2024 година и во МЕМО ДООЕЛ Скопје со арх бр. 0908-12946/1 од 22.11.2024 година, истовремено до ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС со арх бр во АД МЕПСО 09-7148/4 од 22.11.2024 година и во МЕМО ДООЕЛ Скопје со арх бр. 0908-12945/1 од 22.11.2024 година, каде според истите Договорот за балансна одговорност потпишан помеѓу АД МЕПСО Скопје и ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС со архивски број 02-7806/2 од 23.12.2019 година и Анекс 1 со арх.бр 09-1170 од 24.12.2022 година се смета за раскинат на 30.11.2024 година во 24:00 часот.
ОПЕЕ истиот ден 22.11.2024 година донесе РЕШЕНИЕ за опомена пред суспензија со арх.бр. 09-12946/2 за нерегулирана балансна одговорност со почеток од 01.12.2024 година и постави рок учесникот да ги отстрани причините заклучно со 28.11.2024 година.
На ден 27.11.2024 година учесникот на пазарот на електрична енергија ИНФИНИТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје, со лиценца снабдувач со електрична енергија и EIC: 33XINFINITENERRE, достави Барање за преземање балансна одговорност со арх.бр. 0903-13056/1 за учесникот ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС со почеток од 01.12.2024 до 31.03.2025 година.
ОПЕЕ донесе ОДЛУКА за преземање балансна одговорност арх.бр. 0903-13056/2 од балансно одговорната страна ИНФИНИТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје за учесникот ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС и постапи како во диспозитивот на ова РЕШЕНИЕ.
Р Е Ш Е Н И Е за опомена пред суспензија за нерегулирана балансна одговорност ( 22.09.2023 година)
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...
Membership on the organized electricity market – day ahead market
Here you can find the Rules for operation of the organized electricity market, which have been...
Учество на организираниот пазар на електрична енергија – пазар ден однапред
Во продолжение може да ги симнете Правилата за работа на организираниот пазар на електрична...
Клиент и упатства за ПДО за симулациска околина
ETS Client for MEMO (3.6.8)Download MEMO Client Installation (3.6.8)Download ETS Trader Client...
Решение за упис на Виртуелен производител – ОКТА АД -Скопје во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија
Согласно член 12 став 14 од Правилата за пазар на електрична енергија („Службен весник на...