Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република...
Tрибинa во организација на МАКО СИГРЕ -„Берзата на електрична енергија, една година потоа“
На трибината во организација на Асоцијацијата на инженери и техничари – МАКО СИГРЕ посветена на „Берзата на електрична енергија, една година потоа“, која се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), акцентот беше ставен на важноста и придобивките од тргувањето на Македонската берза на електрична енергија.
Управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски пред претставниците на институциите од електро-енергетскиот сектор во земјава, компаниите, профосорите и студентите ги презентираше достигнувањата на домашната берзата на електрична енергија каде 35 учесници секојдневно тргуваат. Тоа е потврда за воспоставената сигурност и релевантните цени за секој час од денот, како и компетитивноста со берзите од регионот.
Она што следи:
-Воведување на еврото како валута за тргување (Q1 2025)
-Пазарно спојување (market coupling) со берзите на соседните земји и ЕУ
-Развој на интрадневен пазар и гаранции за потекло (GOs) од обновливи извори
Растот на довербата во домашната берза на електрична енергија ја потврдија и раководствата на ЕВН, ЕСМ, МЕПСО и ЕДС, за кои тргувањето на пазарот ден однапред, придонело во намалување на трошоците за електрична енергија, што значи и бенефит за крајните корисници.
Упатуваме честитки за 30 годишнината на МАКО СИГРЕ и успешната организација на трибината која на едно место ги обедини релевантните чинители во секторот енергетика и студентите да дискутираа за топ темите во оваа областа.
Потпишан Договор помеѓу МЕМО и БСП
Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО) посветено работи на поврзување на...
ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, НОЕМВРИ 2024
Во ноември 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза – Ноември 2024
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
МЕМО активно вклучен во процесите за имплементација на реформите во енергетскиот сектор – 5,2 милиони евра од ЕУ за енергетска трансформација
Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО активно е вклучен во процесите за...
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ОКТОМВРИ 2024
Во октомври 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...