Tрибинa во организација на МАКО СИГРЕ -„Берзата на електрична енергија, една година потоа“

05.12.2024 | Новости

На трибината во организација на Асоцијацијата на инженери и техничари – МАКО СИГРЕ посветена на „Берзата на електрична енергија, една година потоа“, која се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), акцентот беше ставен на важноста и придобивките од тргувањето на Македонската берза на електрична енергија. 

Управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски пред претставниците на институциите од електро-енергетскиот сектор во земјава, компаниите, профосорите и студентите ги презентираше достигнувањата на домашната берзата на електрична енергија каде 35 учесници секојдневно тргуваат. Тоа е потврда за воспоставената сигурност и релевантните цени за секој час од денот, како и компетитивноста со берзите од регионот. 

 Она што следи:

-Воведување на еврото како валута за тргување (Q1 2025)
-Пазарно спојување (market coupling) со берзите на соседните земји и ЕУ
-Развој на интрадневен пазар и гаранции за потекло (GOs) од обновливи извори

Растот на довербата во домашната берза на електрична енергија ја потврдија и раководствата на ЕВН, ЕСМ, МЕПСО и ЕДС, за кои тргувањето на пазарот ден однапред, придонело во намалување на трошоците за електрична енергија, што значи и бенефит за крајните корисници. 

Упатуваме честитки за 30 годишнината на МАКО СИГРЕ и успешната организација на трибината која на едно место ги обедини релевантните чинители во секторот енергетика и студентите да дискутираа за топ темите во оваа областа. 

НОВОСТИ

Pin It on Pinterest

Share This