+389 2 3281 020 info@memo.mk

ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, НОЕМВРИ 2024

13.12.2024 | Новости

Во ноември 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 177 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 27.468 MWh, што претставува зголемување од 28% во однос на ноември 2023 година.

При тоа, од 91 мали хидроцентрали, произведени се 4.206 MWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 850 MWh, од две ветерни електрани произведени се 19.351 MWh и од пет термоелектроцентрали на биогас и термоелектроцентрали на биомаса произведени се 3.060 MWh.

Учеството на произведената електрична енергија од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 4,49%.

Вкупно инсталираната моќност од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 177.642 MW.

МЕМО е балансно одговорна страна за повластените производители кои користат повластени тарифи за производство на електрична енергија од обновливи извори. Подетални информации на следниот линк: https://www.memo.mk/?page_id=242828

НОВОСТИ

Средба Шутиноски – Лорковски: Бројни придобивки од  македонската берза на електрична енергија и тековните процеси на МЕМО за поврзување со соседните берзи од земјите членки на ЕУ

Симон Шутиноски, управител на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија- МЕМО...

Pin It on Pinterest

Share This