Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО) посветено работи на поврзување на македонскиот пазар на електрична енергија со единствениот европски пазар.
За таа цел, раководствата на МЕМО и Словенечката енергетска берза (БСП) потпишаа Договор за забрзана реализација на пазарно поврзување (market coupling).
Управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски и извршниот директор на БСП, Анже Предовник, со потпишувањето ја интензивираат соработката во сегашните и идни проекти со фокус на пазарно поврзување на Југоисточна Европа во рамки на иницијативата (Southeast Europe Electricity Market Initiative – SEE MC).
Пазарното поврзување носи придобивки за:
-Учесниците на организираниот пазар на електрична енергија
-Крајните корисници на електричната енергија
-Националната економија
Партнерството на МЕМО и БСП ја нагласува заедничката посветеност кон регионална интеграција. Заедно кон поврзана, одржлива и интегрирана енергетска иднина.