+389 2 3281 020 info@memo.mk

ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, НОЕМВРИ 2024

24.12.2024 | Новости

Во ноември 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО,  за задоволување на вкупната потрошувачка во Република Северна Македонија, реализирани се трансакции на учесниците на пазарот на електрична енергија односно бруто-конзум, во висина од 658 GWh.

За задоволување на севкупната потрошувачка на електрична енергија во државата, без загубите, поточно  нето-конзумот, продадена е електрична енергија од 536 GWh и тоа 61 % на тарифни потрошувачи снабдувани преку универзалниот снабдувач, 32% на снабдувани потрошувачи и 6% на потрошувачи регистрирани на пазарот на електрична енергија на големо.

На пазарот на електрична енергија реализирани се трансакции од сопствено производство во висина од 542 GWh, од кои ЕСМ со 297 GWh, поточно со 55%, учествуваат со најголем процент, потоа следат независните производители со 178 GWh или 33%, виртуелни производители со 43 GWh односно 8% и повластените производители кои користат повластена тарифа на електрична енергија со 24 GWh односно 4%.

Од сопственото производство 75% е продадено за задоволување на бруто конзумот односно 406 GWh, а 25% односно 136 GWh се деклариран извоз.

Бруто транзитот на електрична енергија, изнесува 434 GWh, каде нето транзитот е 404 GWh, а контратрејдингот е 30 GWh.

Подетални информации на следниот линк: https://www.memo.mk/?page_id=242753

НОВОСТИ

2024: Година за паметење

Како што се приближува крајот на годината, се осврнуваме на 2024, која за сите нас во МЕМО беше...

Pin It on Pinterest

Share This