Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република...
2024: Година за паметење
Како што се приближува крајот на годината, се осврнуваме на 2024, која за сите нас во МЕМО беше исполнета со бројни активности и значајни остварувања. Годината што изминува беше период на раст и успех на кои сме горди.
Ги споделуваме најзначајните моменти:
- Раст: На Македонската берза на електрична енергија веќе 37 компании активно тргуваат. Заедничкиот раст ги демонстрира придобивките на домашната берза и влијанието на енергетскиот пазар.
- Лидерство: Го споделивме искуството и планови на конференции на високо ниво, зацврстувајќи ја позицијата на МЕМО, како доверлив глас во енергетскиот сектор.
- Реформи: МЕМО активно учествуваше во креирањето на суштински реформи во националниот енергетски сектор.
- Јубилеи: Оваа година одбележавме 18 години ОПЕЕ и 5 години од МЕМО, значајни годишнини што ја рефлектираат нашата посветена работа.
- Глобално здружување: Активно учествуваме во иницијативата помогната од УСАИД за пазарно поврзување на Југоисточна Европа (Southeast Europe Electricity market-SEE MC). Целта е олеснување во процесот на поврзување на нашиот пазар на електрична енергија првично со единствениот европски пазар
- Регистар на Гаранции на потекло (GOs): МЕМО ќе го воспостави и води регистарот на Гаранции на потекло односно нивно издавање. За таа цел станавме член набљудувач на Асоцијацијата на издавачки тела (Association of Issuing Bodies – AIB), зајакнувајќи ја нашата посветеност на следењето и транспарентноста на обновливата енергија.
- Регионална соработка: Во партнерство со Словенечката енергетска берза (BSP Energy Exchange LLC), потпишавме значаен Договор за забрзана реализација на пазарно поврзување во рамките на иницијативата SEE MC.
Благодарност до нашите соработници, партнери и колеги кои се дел од успешната работа. Заедно да ja направиме 2025 успешна година!
ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, НОЕМВРИ 2024
Во ноември 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Потпишан Договор помеѓу МЕМО и БСП
Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО) посветено работи на поврзување на...
ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВЕДЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, НОЕМВРИ 2024
Во ноември 2024 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична...
Податоци за истргувана електрична енергија на Mакедонската берза – Ноември 2024
Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје,...
Tрибинa во организација на МАКО СИГРЕ -„Берзата на електрична енергија, една година потоа“
На трибината во организација на Асоцијацијата на инженери и техничари - МАКО СИГРЕ посветена на...