Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република...
ОДЛУКА за престанување на Договор за учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП – ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 236/22), член 29 став (1) точка 1) од Правилата за пазар на електрична енергија и Изјавата за основање на Операторот за пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице Национален оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје – Пречистен текст- со арх. бр. 0202-7821/3 од 06.08.2024 година, на ден 30.12.2024 година се донесе:
ОДЛУКА
за престанување на Договор за учество на пазарот на електрична енергија и бришење на учесник на пазарот од РУП
- Со ова Одлука престанува да важи Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 10-630/1 од 10.02.2020 година склучен помеѓу ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица со ЕДБ: 4027010511550 и EIC: 33XENERGYWINDMKL и МЕМО ДООЕЛ Скопје и РЕШЕНИЕ за упис во Регистерот на учесници на пазарот на електрична енергија со арх. бр. 10-630/2 од 20.02.2020 година.
Договорот согласно член 29 став 1 точка 1 од Правилата за пазар на електрична енергија престанува да важи на ден 31.12.2024 година во 24:00 часот
- Се брише учесникот на пазарот – ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица со ЕДБ: 4027010511550 и EIC: 33XENERGYWINDMKL од Регистарот на учесници на пазарот на електрична енергија согласно член 30 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија.
- Сите преземени, а неизвршени обврски по Договорот за условите и начинот за учество на пазарот на електрична енергија, учесникот на пазарот на електрична енергија е должен да ги изврши и по престанок на статусот на учесник на пазар на електрична енергија, согласно член 29 став 3 од Правилата за пазар на електрична енергија и член 13 од Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија.
- Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето.
О б р а з л о ж е н и е:
Учесникот на пазар на електрична енергија ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица – со лиценца за вршење енергетска дејност снабдување со електрична енергија, со евидентен број на лиценца ЕЕ-СНАБ-200-2014, склучи Договор за условите и начинот на учество на пазарот на електрична енергија со МЕМО ДООЕЛ Скопје бр.10-630/1 од 10.02.2020 година.
На ден 06.08.2024 година МЕМО ДООЕЛ Скопје по e-mail комуникација го потсети учесникот за истек на важноста на ден 01.10.2024 година на лиценца за вршење енергетска дејност снабдување со електрична енергија, со евидентен број на лиценца ЕЕ-СНАБ-200-2014.
На ден 23.09.2024 година ОПЕЕ испрати и предупредување пред ОПОМЕНА за СУСПЕНЗИЈА на учесникот доколку не се достави обновена лиценца најдоцна до 25.09.2024 година.
Заклучно со зададениот рок до 25.09.2024 година учесникот ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица не достави обновена лиценца за вршење енергетска дејност снабдување со електрична енергија.
На ден 26.09.2024 година ОПЕЕ донесе Опомена пред суспензија со арх.бр. 0906-10271/1 за учесникот на пазар на електрична енергија ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица со рок до 30.09.2024 година да достави обновена лиценца за вршење енергетска дејност снабдување со електрична енергија.
До ден 30.09.2024 година, ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица не достави обновена лиценца за вршење енергетска дејност снабдување со електрична енергија со што ОПЕЕ донесе Одлука за времена суспензија со арх.бр 09-1027/2 од 30.09.2024 година со почеток од 01.10.2024 година до 31.12.2024 година. Во истата, исклучок од Одлуката за рокот на времетрањето на суспензијата да биде пократок доколку учесникот ги отстрани причините суспензија, односно да ја обнови лиценцата. Заклучно со 30.12.2024 година, учесникот ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица не достави обновена лиценца за вршење енергетска дејност снабдување со електрична енергија со што ОПЕЕ одлучи како во диспозитивот на ова ОДЛУКА
РЕШЕНИЕ за запирање на постапката за суспензија за нерегулирана балансна одговорност – ФОРТИС ЕНЕРГЕТИКА ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ ДООЕЛ Скопје – ФЕЦ ОСЛОМЕЈ 3.1 (3-б) (28.11.2024 година)
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...
Р Е Ш Е Н И Е за запирање на постапката за суспензија за нерегулирана балансна одговорност за ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС ( 27.11.2024 година)
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...
Р Е Ш Е Н И Е за опомена пред суспензија за нерегулирана балансна одговорност – ФОРТИС ЕНЕРГЕТИКА ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ ДООЕЛ Скопје – ФЕЦ ОСЛОМЕЈ 3.1 (3-б) (26.11.2024 година)
Со ова РЕШЕНИЕ се изрекува ОПОМЕНА пред суспензија, согласно член 28 став 1 точка 3) и член 20...
Р Е Ш Е Н И Е за опомена пред суспензија за нерегулирана балансна одговорност – ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС ( 22.11.2024 година)
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...
ОДЛУКА за суспензија на учесник на пазарот на електрична енергија – ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица
Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен...