Презентација на правилата за администрирање на Гаранции за потекло на електрична енергија

24.02.2025 | Новости


Националниот оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО ДООЕЛ Скопје со поддршка на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, организира јавна расправа за правилата за администрирање на Гаранциите за потекло (Guarantees of origin – GOs), која ќе се одржи на 5 март 2025 година, во просториите на МЕРМС.

Гаранција за потекло е електронски документ, чија цел е обезбедување на доказ за потрошувачите дека определен удел или количина од енергијата е производена од обновливи извори на енергија. Гаранциите за потекло се користат во Европска Унија со цел следење и потврдување на потеклото на електричната енергија со што се промовира еколошка одговорно, транспарентност и доверба на потрошувачите на енергетскиот пазар. МЕМО ќе го воспостави и води регистарот на Гаранции на потекло односно нивно издавање, евидентирање на пренос, признавање, укинување или поништување.

Јавната расправа ќе ја отвори министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во присуство на претставници на релевантните чинители во секторот енергетика, приватни компании и претставници на стопанските комори.

Во продолжение Агендата во целина.

АГЕНДА
10:00 – 10:15
10:15 – 10:25 
Регистрација
Обраќање на Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
10:25 – 10:35Обраќање на Зоран Ѓорѓиевски, управител на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје
10:35 – 11:05Презентација на Правилата за администрирање на гаранциите за потекло
11:05 – 11:30Прашања и дискусија

На линкот e драфт верзијата на Правилата за администрирање на гаранциите за потекло. Доколку имате одредени сугестии/ забалешки, Ве очекуваме да ни ги испратите, најдоцна до 28.2.2025 (петок) до 12:00 часот на е-маил: info@memo.mk.  

НОВОСТИ

Pin It on Pinterest

Share This