Продуктивен состанок со претставниците на Секретаријатот на Енергетската заедница.
Денес, во просториите на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, управителот Зоран Ѓорѓиевски оствари средба со Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница.
Во фокус на разговорите меѓу тимовите на МЕМО и Секретаријатот на Енергетската заедница беа:
- Важноста од маркет каплингот, односно пазарното поврзување на домашната берза со берзите на електрична енергија на соседните земји и членки на Европската Унија.
- Воведување на Гаранции за потекло на електрична енергија, кои МЕМО ќе започне да ги издава наскоро.
- Натамошно усогласување на националното законодавство со европските енергетски стандарди.
Лорковски ја потврди посветеноста на Енергетската заедница во поддршката на реформските процеси во земјата, како и активностите на МЕМО за модернизирање на организираниот пазар на електрична енергија и негово интегрирање во единствениот европски пазар.