Согласно извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, за тргување со електрична енергија ден однапред, во месец февруари истргувани се вкупно 114.664,8 MWh, по просечна цена од 9.714,39 денари или 157,94 евра MWh.
Дневно, во месец февруари, просечно истргувана е електрична енергија од 4.095 MWh.
За време на дневниот пик, во период од 09:00 до 20:00 часот истргувани се 2.308 MWh електрична енергија, по просечна цена од 10.247,51 денари или 166,61 евра/ MWh.
Повеќе информации на следниот линк.