Во февруари 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, од 178 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 29.422 MWh.
При тоа, од 92 мали хидроцентрали, произведени се 12.275 MWh, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 968 MWh, од две ветерни електрани произведени се 13.821 MWh и од пет термоелектроцентрали на биогас и термоелектроцентрали на биомаса произведени се 2.357MWh.
Учеството на електрична енергија од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 5%.
Вкупно инсталираната моќност од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 177.842 MW.
МЕМО е балансно одговорна страна за повластените производители кои користат повластени тарифи за производство на електрична енергија од обновливи извори. Подетални информации на следниот линк: https://www.memo.mk/?page_id=242828