Во февруари 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, за задоволување на севкупната потрошувачка на електрична енергија во државата, без загубите, поточно нето-потрошувачката, продадена е електрична енергија од 587 GWh.
На пазарот на електрична енергија реализирани се трансакции од сопствено производство во висина од 574 GWh, од кои ЕСМ со 323 GWh учествува со најголем процент од 56.3%, а потоа следуваат независните производители со 174 GWh, односно 30.3%, виртуелни производители со 48 GWh или 8.3% и повластените производители кои користат повластена тарифа на електрична енергија со 29 GWh, односно 5.1%.
Учеството на домашното производство на електрична енергија во однос на нето- потрошувачката изнесува 97.6%.
Подетални информации на следниот