+389 2 3281 020 info@memo.mk

MEMO стана член на европската асоцијацијата на европски берзи на електрична енергија

15.02.2022 | Новости

Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО) стана асоцијативен член на европската асоцијација „Јуропекс“ (Europex). МЕМО стана 29 член на асоцијацијата што ги интегрира интересите и го трасира развојот на организираните пазари на електрична енергија и на природен гас во европските држави. Со асоцијативното членство МЕМО доби право да учествува во сите работни групи на оваа непрофитна организација.
МЕМО, согласно со законот за енергетика, е Оператор што управува со пазарот на електрична енергија. МЕМО започна со работа на 1ви октомври годинава и е во целосна сопественост на АД МЕПСО.
МЕМО е активно вклучен во процесите за интеграција на пазарите на електрична енергија во регионот на Западен Балкан (WB 6) преку низа проекти кои водат кон воспоставување на организиран пазар на електрична енергија.
Еден од тековните проект и активности на МЕМО е отворениот процес за назначување за Оператор на организираниот пазар на електрична енергија во корелација со Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ), по чие завршување се очекува МЕМО да добие овластување да воспостави берза на електрична енергија во Република Северна Македонија и таа да може да се поврзе со берзите за електрична енергија од соседните држави.

НОВОСТИ

Pin It on Pinterest

Share This