Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република...
За НАС
ЗА НАС
Национален оператор на пазар на електрична енергија
ЗА МЕМО
Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ, Скопје е основан во август 2018 година како резултат на донесување на нов Закон за енергетика кој стапи на сила истата година. МЕМО е компанија во целосна сопственост на Операторот на електро-преносниот систем во Република Северна Македонија – А.Д. МЕПСО. Пред формирањето на МЕМО како посебна компанија која ќе ги извршува активностите како оператор на пазар на електрична енергија, во рамките на А.Д. МЕПСО функционираше подружница која ги извршуваше активностите за организирање и администрирање на пазарот на електрична енергија.
Во октомври 2019 година МЕМО е лиценциран за организирање и управување со пазарот на електрична енергија од страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и со тоа започна независно да функционира како Оператор на пазарот на електрична енергија на територијата на Република Северна Македонија
Согласно Одлуката на Владата на РСМ донесена во септември 2020 година, МЕМО се назначува и за Оператор на организираниот пазар на електрична енергија. По ова, започнува со спроведување на активности за исполнување на потребните технички услови со цел воспоставување на организиран пазар на електрична енергија во Република Северна Македонија.
ВРЕДНОСТИ
Транспарентно и ефикасно работење
Високо ниво на професионалност во извршување на работата
Овозможување на ефикасен и конкурентен пазар на електрична енергија во РСМ
Интеграција на македонскиот пазар на електрична енергија во меѓународното опкружување
АКТИВНОСТИ
АКТИВНОСТИ
Администрирање и контрола на пазарот на електрична енергија со билатерални договори
Ова подразбира спроведување на постапка за регистрација на нови учесници и водење евиденција на сите договори склучени со учесниците на пазарот на електрична енергија, вклучително и водење на регистар на учесниците на пазарот. МЕМО изработува и дневен пазарен план и ги евидентира склучените трансакции на пазарот на билатерални договори согласно конечните физички распореди кои ги добива од учесниците.
Дополнително, МЕМО постојано ги следи состојбите и појавите на пазарот на електрична енергија со цел спречување на неконкурентни однесувања и овозможување на транспарентно и конкурентно трговско окружување за сите учесници на пазарот и редовно и навремено ги објавува сите информации кои се неопходни за непречено функционирање на пазарот електрична енергија и развојот на конкурентските односи.
Пресметка на дебаланси и водење евиденција за припадност на балансни групи
МЕМО ги пресметува месечните дебаланси на балансно одговорните страни и изготвува предлог пресметка за трошокот за дебалансите за секоја Балансно одговорна страна, согласно мерењата на електрична енергија добиени од операторот на електро-преносниот систем и операторот на електро-дистрибутивниот систем, а со цел спроведување на финансиско порамнување на договорените и остварените трансакции на пазарот на електрична енергија.
Истовремено, МЕМО води евиденција на сите Договори за формирање балансни групи кои се склучени помеѓу МЕМО и учесниците на пазарот на електрична енергија и ги евидентира сите промени во однос на припадноста на учесниците во одредена балансна група како: пристапување на нови членови, префрлување на членови од една во друга балансна група и исклучување на членови на барање на балансно одговорните страни.
Балансна одговорност и тргување со енергијата од ППЕЕПТ
МЕМО е балансно одговорна страна за повластените производители кои користат повластени тарифи за производство на електрична енергија од обновливи извори. Како БОС, МЕМО врши предвидувања на производството и ја откупува целата произведена електрична енергија произведена од ППЕЕПТ и истата ја продава согласно Методологија предвидена во правилата за пазарот на електрична енергија.
МЕМО го води и регистарот на сите повластени производители кои користат повластена тарифа за производство на електрична енергија од обновливи извори.
Регулатива и развој на пазарот на електрична енергија
Дел од активностите кои ги извршува МЕМО е постојано следење на промените во енергетската регулатива и активно учество во креирањето на регулативата поврзана со пазарот на електрична енергија во Република Северна Македонија. Како Оператор на пазар на електрична енергија соработува со операторите на пазарите на електрична енергија на другите земји и е вклучен во сите регионални и меѓународни организации и асоцијации кои се од интерес за работата на МЕМО и развојот на пазарот на електрична енергија во Република Северна Македонија.
МИСИЈА И ВИЗИЈА
МИСИЈА И ВИЗИЈА
МИСИЈАТА на МЕМО е дефинирана во Законот за енергетика. Како Оператор на пазар на електрична енергија (ОПЕЕ), мисијата на МЕМО е спроведување на јавна услуга за организирање и управување со пазарот на електрична енергија во Република Северна Македонија, обезбедувајќи транспарентно трговско опкружување и фер и еднаков пристап кон секој учесник на пазарот.
ВИЗИЈАТА и главниот фокус на МЕМО е воспоставување на ликвиден, транспарентен, ефикасен и конкурентен пазар на електрична енергија во Република Северна Македонија и негово поврзување со соседните пазари на електрична енергија на ефикасен и економичен начин, како и усогласување на националната регулатива со европската и зајакнување на интеграцијата на пазарот во регионот на Југоисточна Европа и WB6.
ПРОЕКТИ
ПРОЕКТИ
Воспоставување на организиран пазар на електрична енергија во РСМ
Главниот фокус на МЕМО во поглед на развој на пазарот на електрична енергија е воспоставување на организиран пазар за тргување ден-однапред. Овој проект започна како иницијатива на Секретаријатот на енергетската заедница за воспоставување и интеграција на ден однапред пазарите на електрична енергија во земјите од западен Балкан и сега е во комплетна надлежност на МЕМО.
Во насока на остварување на оваа цел, МЕМО беше назначен за Оператор на организираниот пазар на електрична енергија од страна на Владата на Република Северна Македонија, по што започна со спроведување на активности за исполнување на потребните технички услови кои ќе овозможат воспоставување на организиран пазар на електрична енергија во Република Северна Македонија
Членство во Europex
МЕМО е полноправен член на „Јуропекс“ (Europex) – Асоцијација на европски берзи на електрична енергија, која ги застапува интересите на европските оператори на пазарот на електрична енергија и гас.
Во контекст на своето членство, МЕМО активно учествува во неколку работни групи и придонесува во понатамошното обликување на европската енергетска регулатива на ниво на ЕУ и на Енергетската заедница.
EMI - Electricity market initiative
ЕМИ работната група е формирана од страна на УСЕА и УСАИД, операторите на електро-преносните системи и операторите на пазари на електрична енергија на југоисточна Европа.
Целта на работната група е размена на податоци и подготовка на анализи помеѓу систем операторите, операторите на пазар на електрична енергија и регулаторите, како и останатите учесници на пазарите на електрична енергија со што треба да се овозможи побрза транзиција и интеграцијата на пазарите на електрична енергија во регионот.
Спојување на организираните пазари на електрична енергија помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија
Овој проект е продолжение на иницијативата на Секретаријатот на енергетската заедница за воспоставување и интеграција на ден-однапред пазарите на електрична енергија во земјите од западен Балкан.
Како резултат на Меморандумот за соработка, кој беше потпишан од страна на систем операторите (МЕПСО и ЕСО) и операторите на пазар на електрична енергија (МЕМО и IBEX) на Република Северна Македонија и Република Бугарија, се формира работна група која ги спроведува активностите за спојување на организираните пазари помеѓу двете земји.