Врз основа на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република...
ППЕЕ
УЧЕСНИЦИ НА ПАЗАР
Национален оператор на пазар на електрична енергија
ИНФОРМАЦИИ
Регистрација на нови учесници
Услови за учество
Со цел започнување на постапка за регистрација на нов учесник на пазар на ЕЕ барателот треба да ги исполнува следните предуслови:
Предуслов 1
Да поседува валидна лиценца за вршење на енергетска дејност која се издава од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Лиценцата треба да биде Трајна или Пробна.
*Доколку барателот е потрошувач не е потребно да поседува лиценца
Постапката за добивање на лиценца како и потребните обрасци се објавени и можат да се преземат на веб страната на РКЕ.
Корисни линкови:
Постапката и правилник за добивање на лиценца за вршење на енергетска дејност
Обрасци за добивање на лиценца за вршење на енергетска дејност
Предуслов 2
Да поседува EICode издаден од Операторот на електро преносниот систем (ОЕПС).
Постапката за добивање на EICode како и сите потребни обрасци и документи се објавени на веб страната на МЕПСО до која може да пристапите на следниот линк.
Предуслов 3
Да ја има регулирано својата балансна одговорност.
Начините на којшто може да се регулира балансната одговорност е објаснет во делот за балансна одговорност.
Потребни документи за регистрација
- Пополнет БРУП образец (преземи БРУП образец)
- Валидна лиценца за вршење на енергетска дејност (не е потребна за Потрошувачи) или Решение за упис во регистарот на странски трговци/снабдувачи
- Потврда за издаден EICode од ОЕПС
- Изјава за веродостојност на барањето и дадените податоци (преземи пример на Изјава за веродостојност на барањето и дадените податоци), потпишана од лицето овластено за застапување на барателот (Управител).
- Примерок од договорот за регулирана балансна одговорност склучен со ОЕПС, или
- Пополнет и потпишан БПБО образец за преземена балансна одговорност од страна на друг учесник на пазарот кој претходно ја има регулирано балансната одговорност, односно е впишан во регистарот на БОС од страна на ОЕПС, (преземи БПБО образец)
Документи издадени од Централен регистар на РСМ
- Тековна состојба издадена од Централниот регистар на Република Македонија (не постара од 30 дена)
- Информација за економско финансиската состојба, издадена од страна на Централниот регистар на Република Македонија (не постара од 30 дена)
Документи издадени од Управа за јавни приходи
- Уверение од Управата за јавни приходи за платени даноци и други јавни давачки пропишани со закон, (не постара од 30 дена)
- Потврда дека не е отворена постапка за стечај, (не постара од 30 дена)
- Потврда дека не е отворена постапка за ликвидација (не постара од 30 дена)
ИНФОРМАЦИИ
ОБРАСЦИ и ДОКУМЕНТИ
За овозможување на оперативна функционалност на пазарот на електрична енергија се задолжени: