+389 2 3281 020 info@memo.mk

пазар на ее

БАЛАНСНА ОДГОВОРНОСТ

Национален оператор на пазар на електрична енергија

ППЕЕ

БАЛАНСНА ОДГОВОРНОСТ

Што е балансна одговорност?

Сигурноста на работењето на електроенергетскиот систем се базира одржување на фреквенцијата во одредени граници од 50 Hz. Тоа се постигнува така што во секој момент постои рамнотежа помеѓу производството и потрошувачката на електрична енергија. Електричната енергија како продукт е специфична поради нејзината природа и предизвиците кои се појавуваат при складирање на истата. Должност на секој учесник на пазарот на електрична енергија е внимателно и одговорно да го планирање своето трговско портфолио со цел да има што помали отстапувањата помеѓу производството и потрошувачката. Во пракса, секогаш има отстапувања од овие планови што е најчесто резултат на настани кои е тешко да се предвидат (На пр. зголемена потрошувачка на електрична енергија, зголемено или намалено производство на електрична енергија од обновливи извори како резултат на промени во временските услови итн.)

Овие несакани отстапувања се неизбежни и се дел од секојдневното функционирање на сите електроенергетски системи, па затоа секој учесник на пазарот на електрична енергија е балансно одговорна страна врз кој се фактурираат трошоците настанати од овие отстапувања. Овие отстапувања се нарекуваат дебаланс.

Со цел овие дебаланси да се регулираат, а со тоа и да се одржува рамнотежата на електроенергетскиот систем, операторот на електропреносниот систем врши постојан мониторинг на потрошувачката и производството на електрична енергија и активира механизми за нивно усогласување преку набавка или продажба на електрична енергија на пазарот на балансна енергија. МЕМО во функција на оператор на пазарот на електрична енергија подготвува предлог пресметка на направените трошоци за балансирање според однапред утврдена методологија.

Имајќи ја предвид важноста на балансирањето на електроенергетскиот систем, секој учесник на пазарот на електрична енергија е одговорен за дебалансите кои произлегуваат од неговите активности на пазарот и треба да ги покрие направените трошоци за регулирање на тие дебаланси. Ова значи дека еден од предусловите за учество на пазарот на електрична енергија е потенцијалниот учесник да ја има регулирано својата балансна одговорност.

Како се регулира балансната одговорност?

Постојат два начини на кои учесниците на пазарот на електрична енергија можат да ја регулираат својата балансна одговорност:

Начин 1 – Со склучување на Договор за балансна одговорност со ОЕПС и формирање на балансна група

Во овој случај потенцијалниот учесник на пазарот на електрична енергија поднесува барање за стекнување статус на балансно одговорна страна (БОС), по што склучува договор со ОЕПС. На овој начин се формира нова балансна група каде што барателот добива статус на БОС и со тоа ја презема балансната одговорност за новоформираната балансна група. Кон оваа балансна група во иднина може да пристапуваат и нови членови, а БОС-от е должен да ги регулира дебалансите на членовите во рамките на својата балансна група и да ги исполнува финансиските обврски на својата балансна група кон ОЕПС.
Информации околу постапката за склучување Договор за балансна одговорност со ОЕПС како и потребните документи се објавени на веб страната на МЕПСО на следниот линк.

Начин 2 – Со пристапување кон постоечка Балансна група

Потенцијалниот учесник на пазарот на електрична енергија може да ја регулира својата балансна одговорност со пристапување кон веќе постоечка балансна група. Балансните групи кон кои потенцијалниот учесник може да пристапи може да се најдат во регистарот на Балансни групи и БОС на следниот линк.
По ова, потребно е двете страни заеднички да поднесат Барање за преземање на балансна одговорност (БПБО образец) до МЕМО. Барањето за преземање на балансна одговорност се состои од два дела каде што првиот дел ( првата страна ) го пополнува Балансно Одговорната Страна ( БОС ) кој ја презема балансната одговорност за барателот, додека вториот дел ( втората страна – Член на Балансна Група) го пополнува барателот т.е. членот кој пристапува кон Балансната Група на БОС-от.

Префрлување и исклучување на членови на балансна група

Балансно одговорната страна (БОС) согласно правилата за Балансирање на електроенергетскиот систем, може да поднесе барање до МЕМО за исклучување или префрлување на членови од својата балансна група.
Барањето треба да биде поднесено на еден од следните обрасци:

Pin It on Pinterest

Share This